April 25, 2024, 11:48 am

Венко Филипче: Cитe вakцини кoи ce дeл oд Koвaкc cиcтeмoт ce co дoкaжани дoбpи eфeкти и cooдвeтнa кoличинa нa aнти-тeлa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерот за здравство Венко Филипче кој денеска по повод 100 дена Влада присуствуваше на средбата со премиерот и претставници од останатите партии во Владата, информираше за вакцината и потпишувањето на нашата земја во Ковакс групниот механизам, преку Светската здравствена организација за рамномерна распределба на вакцините во сите земји.

-Обезбедивме 833 илјади дози за 400 илјади граѓани кои два пати ќе се вакцинираат во текот на месец март. Сите вакцини кои се дел од Ковакс системот се со докажани добри ефекти и соодветна количина на анти-тела, потенцираше министерот Филипче.

Осврнувајќи се на состојбата со коронавирусот, сериозноста на ситуацијата со есенскиот бран, коалициските партнери ги потврдија и ги реафирмираа заложбите на Владата за брзо и ефикасно дејствување во санирање на економските и здравствените последици.

Истовремено, премиерот Зоран Заев ги сумираше активностите во овој период и најави дел од следните чекори на Владата за заштита на здравјето на граѓаните и помош за економијата.

-Го реализиравме заемот кај Светска банка кој обезбеди средства за изградба на 16 модуларни болници ковид-центри во 16 градови. Донесовме ребаланс на Буџетот за 2020 година со што обезбедивме средства за реализација на четвртиот пакет економски мерки во вредност од 470 милиони евра, пари кои завршуваат назад во економијата, назад кај граѓаните, рече премиерот Заев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This