дома Европа Верниците во шok: Папата Франциск првпат поддржа легализација на истополови бpakови

Верниците во шok: Папата Франциск првпат поддржа легализација на истополови бpakови

Папата Франциск смета дека геј лицата треба да бидат во можност да го легализираат своето партнерство, пишува „Ројтерс“. Ова е една од неговите најдиректни изјави на поддршка на ЛГБТ популацијата.

Хомосексуалците имаат право да бидат семејство. Тие се Божји деца и имаат на семејство. Потребно е да се направи закон за граѓанска брачна заедница. На тој начин тие би биле правно покриени. Јас се залага, за тоа“, рече Папата Франциск, изјаснувајќи се така за животно партнерство на геј лицата што досега претставува невиден став во Католичката црква.

Ваквиот став тој го истакна во документарецот „Франциск“ што денеска беше премиерно прикажан во рамки на филмскиот Фестивал во Рим.

Евгениј Афиневски, авторка на филмот кој се бави со ликот и делото на актуелниот поглавар на Католичката црква, рече дека Папата Франциск го истакнал ставот за време на интервју што било реализирано за потребите на филмот.