April 19, 2024, 12:17 am

Веројатно ќе биде потребна трета доза од Bakцината за 6 до 12 месеци, вели директорот на „Фaj3ep“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во пандемии, вие сте заштитени исто колку и соседот, вели Алберт Бурла, нагласувајќи дека затоа е многу важно сите земји да ги вакцинираат своите граѓани
На луѓето, најверојатно, ќе им треба засилена доза на вакцини шест до 12 месеци по нивниот прв круг, според Алберт Бурла, извршен директор на “Фајзер“.

Тој вели дека податоците од реалниот свет покажуваат дека вакцината на „Фајзер“ е ефикасна против загрижувачката варијанта на коронавирус, првпат забележана во Јужна Африка.

„Заштитата се намалува со тек на време, но, сепак, за шест месеци е сè уште мошне висока. Ако ме прашате, мислам дека, врз основа на овие податоци, ќе има потреба од ревакцинации“,

додаде Бурла.
Тој вели дека треба да се види колку често ќе биде потребна ревакцинација, ама, вели, веројатното сценарио е дека ќе има потреба од трета доза некаде помеѓу шест и 12 месеци, а потоа годишно ќе има повторна вакцинација. Но, како што вели, сето ова треба да се потврди.

„Во пандемиите, вие сте заштитени исто колку и соседот“,

рече Бурла, нагласувајќи дека затоа е многу важно сите земји да ги вакцинираат своите граѓани.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This