дома Македонија ВЕРУВАЛ ДО НЕБО, ПОСЛЕ ДО НЕБО ЌЕ СЕ ИЗBИHУBA: Заев уште е...

ВЕРУВАЛ ДО НЕБО, ПОСЛЕ ДО НЕБО ЌЕ СЕ ИЗBИHУBA: Заев уште е оптимист за датумот, дpaмата ќе траела уште

Верувам до небото дека ќе добиеме датум, изјави денеска премиерот Зоран Заев, по вчерашното одбивање на амбасадорите на ЕУ за предлогот на финското претседателство за земјава. Тој верува дека драмата во ЕУ ќе трае до последен момент.

„Останувам оптимист, за нас е значајна чиста одлука за земјава. Јас имам разбирање за потребата на Франција за воведување на нова методологија, и немаме проблеми со ставот дека новата методологија ќе значи и реформирање на ЕУ. Но, не постои земја која во изминативе години направила повеќе од нас за да ја заслужиме таа одлука“, вели премиерот Заев.

Тој рече дека денеска заминува за Австрија на бизнис посета, и веднаш потоа патува за Брисел, каде на состаноците на ЕПП и на ПЕС на 17 октомври ќе се продолжи со лобирање за земјава. Премиерот очекува министрите да им остават одлуката да ја донесат лидерите на земјите, на Европскиот совет што ќе се одржи во четврток и петок. Таму францускиот претседател Емануел Макрон ќе има прилика да ја образложи пред другите премиери на европските земји потребата од новата методологија.

На парашањето што доколку не добиеме датум и дали потоа ќе се распишат вонредни избори, премиерот ја исклучи таа можност, иам став дека мора да се задржи предвидливоста во земјава, што е битно и за граѓаните, и за стопанството.

„Во услови во кои ние сме земја во која нема алтернатива за НАТО и за ЕУ, политичарите се минливи и менливи, но предвидливоста на стопанството треба да се остави до крај на мандатот. Редовност на изборите е редовност на општеството. Обезбедувањето предвидливост на стопанството е важна работа, па според мене, на нашата земја ѝ требаат редовни избори. И на крајот на октомври за мене се редовни избори. Ако не добиеме датум, најважно е да ја задржиме предвидливоста на нашата држава, општество, да не ја загрозиме, ние повторно остануваме на патот на НАТО и ЕУ“, рече премиерот.