дома Социјални Мрежи ВЕСЕЛА МАТЕМАТИКА НА ШИЛЕГОВ: 300 евра по квадрат за уредувањето на кровот...

ВЕСЕЛА МАТЕМАТИКА НА ШИЛЕГОВ: 300 евра по квадрат за уредувањето на кровот на ГТЦ, или вкупно 550 000 евра

Математиката на Петре Шилегов. Кровот на ГТЦ е површина од 1800 м2 а чини околу 550 000 евра. 550 000 евра за бетон, земја и трева?!! Или во превод околу 300 евра за квадрат партерно уредување?, велат од Комисијата за инфраструктура, урбанизам и транспорт на ВМРО-ДПМНЕ.

-За информација: квалитетна куќа да се изгради со кров, прозори, врати, под, плочки и изoлација чини околу 600 евра за м2 а овде 300 евра за земја, бетон и трева ??? Во првите 24 часа кровот протече и нaпукнаа дел од плочките предвидени како пешачка стаза (прилог фото).

Толку за квалитет на градбата. И чесно е да се каже дека се работи за многу мал дел од кровот на ГТЦ, а бomбастично се најави како да е парк од 30.000 м2. За угостителскиот објект кој го предвидоа и изградија делумно па потоа се правеа дека прв пат го гледаат ќе остане да го помниме како неостверен сон на Петре Шилегов, стои во објавата на Комисијата на Фејсбук.