дома Македонија ВЕСЕЛИ: Се coмневам дека изборите ќе бидат фер и демократски

ВЕСЕЛИ: Се coмневам дека изборите ќе бидат фер и демократски

Овие 20 дена од кандидатите ќе ги слушаме нивните програми, но до сега, смета аналитичарот Абдулади Весели, тие не се занимавале со теми кои се надлежност на претседателот.

-Кандидатите за претседател, според мене треба да се сконцентрираат на надлежностите кои што ги имаат, без при тоа да бидат еуфорични и да ги зголемуваат надежите на граѓаните, дека ако тој стане претседател во Македонија ќе биде мед и млеко, вели Весели во гостувањето во Отворено на Алфа.

Додава дека според него секое владино мнозинство, ги добивале и локалните но и претседателските избори.

-Но партија или партии кои ги имаат централна, локална и претседателска власт под нивна контрола, нивната работа не оди на нагорна, туку на надолна линија. Затоа првично треба да имаме фер и демократски избори, а јас се сомневам во тоа, смета Весели.