дома Локално Весковски: Boдocнaбдyвaњeтo вo Скопје нopмaлизиpaнo, вaкoв дeфeкт ce jaвyвa eднaш нa 10...

Весковски: Boдocнaбдyвaњeтo вo Скопје нopмaлизиpaнo, вaкoв дeфeкт ce jaвyвa eднaш нa 10 гoдини

Водоснабдувањето кое во текот на вчерашниот ден беше прекинато во голем дел од Скопје, како резултат на голем дефект на булеварот Кочо Рацин во Центар, е нормализирано и притисокот на проток на вода е стабилизиран, соопшти ЈП Водовод и канализација – Скопје.

Од таму информираат дека за санирање на дефектот се појавила потреба да се затвори главната водоводна цевка.

„Ваков тип на дефекти се навистина многу ретки и можат да се појават еднаш на 10 години. Интервенцијата беше навистина комплицирана и од широки размери, но се пристапи многу одговорно и сериозно и се прифати ризикот од прекин на вода во голем дел од градот, со цел брзо отстранување на дефектот. Дефектот се отстрани за кратко време, иако прогнозите кажуваа нешто друго. Водоснабдувањето е нормализирано околу полноќ и притисокот на проток на вода е стабилизиран. Горд сум и сакам да ја упатам мојата благодарност до екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје, до граѓаните кои покажаа разбирање и трпение за ситуацијата во која се затекнавме, но и до медиумите за брзото и професионално известување за целиот случај“, посочи Душко Весковски, генерален директор на ЈП Водовод и канализација – Скопје.