March 28, 2024, 11:30 am

ВЕСЛИ КЛАРК ПОВТОРНО ЗА БАЛКАНОТ: На Балканот му се заканува криза, ЕУ и САД инертни, Русите…

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бившиот командант на НАТО Весли Кларк, во текст за „Вашингтон пост“ пишува дека Балканот одново би можел да стане кризно подрачји, поради што САД и ЕУ мораат итно да делуваат

Својот текст во „Вашингтон пост“ Кларк го започнува со потсетување дека поминале повеќе од 20 години откако со Ричард Холбрук преговарал за ставање крај на војната во БиХ, откако НАТО помогнало да се запре етничкото чистење во Косово.

„Денес, три западнобалкански држави (Хрватска, Албанија и Словенија) станаа членки на НАТО. Хрватска и Словенија станаа членки на ЕУ. Косово сега е независна нација“, напишал Кларк и додава дека повеќето Американци и Европјани сега мислат дека брутален конфликт на Балканот е минато.

„За жал тоа е далеку од вистината. Постојаните политички конфликти од етно-религиозен карактер константо се закануваат да метастазираат во меѓунационална криза, што тој регион би го направил примарна мета за мешање на странски сили“, наведува Кларк.

Оптеретен со слаби институции на државата, економска стагнација и неразвиена демократија, Балканот е предмет на интереси на насилните џихадисти кои бараат регрути за терористичките организации, но и валкани игри кои ги спроведуваат Русија, Турција, но и Кина.

„Работите да бидат полоши, регионот пати од запоставување на демократијата која беше инструмент за завршување на војните во бившата Југославија. Верувајќи дека демократската иднина на Балканот лежи во членство во ЕУ, САД одговорноста за Балканот ја предаде на ЕУ. Меѓутоа, инертноста на ЕУ ја остави Босна, Србија, Црна Гора, Албанија и Македонија во постојана чекална. А додека САД и ЕУ спијат, другите делуваат“, истакнува Кларк.

Според неговите зборови, на Балканот Кремљ веќе одамна го зголемува своето влијание, работејќи на тоа да пораснат анти-ЕУ и анти-НАТО ставовите. Освен тоа, продолжува Кларк, Русите поддржуваат екстремистички групи, потпалуваат оган и хушкаат првославни против муслимани, свесно предизвикувајќи раст на тензиите кои веќе предизвикаа војни на просторот на бивша Југославија во текот на деведесетите години.

„Во меѓувреме, Турција и заливските земји силно инвестираат во Западен Балкан. Турција е трет најголем инвеститор во Босна, а лидерот на водечката босанска партија редовно патува во Истанбул, каде се состануа со веќе авторитарниот Ердоган“, истакнува бившиот командант на НАТО.

Тој додава дека и Саудиска Арабија дава значајно големи пари кои се трошат на изградба на џамии, но и за давање инструкции на локалните имами. Кларк исто така напоменува дека околу илјада странски борци на т.н. ИСИС, највеќе дошле од Босна и Косово.

Тука е и Кина, која исто така себеси се поставува на патот на Балканот, преку иницијативата „Еден појас, еден пат“, вели Кларк. „Значи јасно е- САД и ЕУ мораат да останат посветени на Западен Балкан“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This