дома Занимливости Весна Бејби Петрушевска конечно го покажа новото момче?!

Весна Бејби Петрушевска конечно го покажа новото момче?!

Весна Бејби Петрушевска уште пред некое време за естрадниот мазгазин „Бекстејџ“ се пофали дека повторно е заљубена дека е кратко време во врска, но дека е среќа и не сака да кажува детали за истата.

„Еве, ексклузивно ќе ви откријам дека имам партнер, заедно сме многу кратко, но среќна сум и задоволна. Не ви кажувам детали за да не ме урочат“– изјави актерката пред некое време.


Потоа во емисијата „Еден на еден“, откри дека не и фали брачниот живот, но дека е во врска е околу еден месец, и се пошегува дека партнерот ќе треба да оди на одобрување кај нејзиниот колега Игор Џамбазов.

Изгледа дека врската преминала во наредната фаза па Весна денеска постави и заедничка фотографија со својата нова љубов, на што во коментарите доби многу чеситки, пофалби и љубов од пријателите.

Од тоа што можеме да го забележиме е дека и тој уште пред неколку дена има поставено фотографија на својот инстаграм профил со водителката и актерка и заедно изгледат прекрасно.