дома КОВИД-19 (Коронавирус) Вести од Шведска: Од колективен имунитет ни „к“ – стадото на колена

Вести од Шведска: Од колективен имунитет ни „к“ – стадото на колена

epa08343504 Pedestrians during the coronavirus pandemic in Stockholm, Sweden, 04 April 2020. Countries around the world are taking increased measures to stem the widespread of the SARS-CoV-2 coronavirus which causes the COVID-19 disease. EPA-EFE/HNERIK MONTGOMERY SWEDEN OUT

Зголемување од 15.084 случаи во споредба со минатата недела, а локалните медиуми посочуваат дека бројот на луѓе во болниците се зголемува двојно секоја недела во Шведска.

Шведска, која привлече големо внимание од светот поради начинот на кој се бори против пандемијата на коронавирусите, од петокот забележа 17.265 нови случаи на инфекција, објавија здравствените власти во таа земја.

Епидемиологот Андерс Тегнел, кој е креатор на шведската стратегија против коронавирус, претходно тврдеше дека земјата ќе биде подобро способна да го издржи вториот бран на инфекција откако ќе формира колективен имунитет.

За потсетување, пред четири дена, таа земја го забележа најлошиот ден од почетокот на епидемијата на коронавирус во таа земја, бидејќи за 24 часа беа откриени 7.240 новоинфицирани лица.

Според најновите податоци повеќе од 225.000 лица биле заразени со коронавирус, додека 6.500 лица починале како резултат на болеста.