дома Временска Прогноза Ветровито и студено време во текот на денот

Ветровито и студено време во текот на денот

Денеска ќе дува умерен до засилен северен ветер кој ќе предизвика значително опаѓање на дневните температури, информираат од управата за хидрометеоролошки работи.

Оттаму додаваат дека подобрување се очекува од утре кога времето ќе биде стабилно, суво и релативно топло. Според метеоролозите, таквото време ќе се задржи во текот на Велигденските празници.