дома Локално ВЕТУВАЛ ТЕНДЕРИ И ВРШЕЛ РЕКЕТ: Кандидатот на СДС за Аеродром, уште отсега...

ВЕТУВАЛ ТЕНДЕРИ И ВРШЕЛ РЕКЕТ: Кандидатот на СДС за Аеродром, уште отсега започнал со делење на тендери и рекетирање?

Златко Марин, кандидатот за градоначалник за општина Аеродром од редовите на СДСМ, оди по фирмите и собира рекет, со ветување дека кога ќе дојде на власт истите ќе ги добиваат тендерите од општината, објавува ФБ страната „Аеродром во моето срце“.

-Марин земал рекет во висина од 10.000 евра од фирмата ВИМ-Д, со ветување дека кога тој ќе биде градоначалник истата ќе ги добива сите тендери од општината за набавка на ужина во основните училишта. За ова имаме и докази кои дополнително ќе ги објавиме. Ваквиот бандитизам мора да запре. Бизнисот не смее да биде предмет на уцени и рекет, со ветување на противправни услуги само за финансирање на предизборна кампања. Продолжуваме со објавување на рекет активностите на СДСМ и Марин во Аеродром, пишуваат од „Аеродром во моето срце“.