дома Политика ВЕЧЕРВА ГOPEШE ШТИП: Победничка атмосфера на митингот на ВМРО-ДПМНЕ, цел град се...

ВЕЧЕРВА ГOPEШE ШТИП: Победничка атмосфера на митингот на ВМРО-ДПМНЕ, цел град се собра на плоштадот

Атмосферата на вечерашниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Штип навистина кулминираше, а победничкиот ентузијазам можеше да се види на лицата на штипјани. Млади и стари, мислиш целиот град под Исарот беше собран на градскиот плоштад

Со факели, патриотски песни, скандирање на победнички пораки помина митингот кој се одржа вечерва во Штип, на кој за крај пред почетокот на изборниот молк во сабота пред гласањето во недела се собра речиси цел град.

На митингот беше присутна и екипата на „Инфомакс.мк“ со уште едно издание на Отвореното студио. Гостуваше портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски, аналитичарот на Инфомакс Сотир Костов, а ексклузивно, последно интервју за овој циклус од кампањата имаше и кандидатката Гордана Силјановска-Давкова.