дома Локално Вечерва останете дома: Во Скопје е опасно по живот

Вечерва останете дома: Во Скопје е опасно по живот

Во Скопје и вечерва е опасно по живот да се шета по градските улици. Аерозагадувањето во некои скопски општини е за повеќе од 7 пати повисоко од максимално дозволеното.


Стандардно најзагадено е во Лисиче каде во 18 часот се измерени 366 микрограми ПМ10 честички на метар кубен. Следи центарот на Скопје, односно мерната станица кај Ректорат кој исчитува износ од 341. Следи Карпош со 251, Гази Баба со 211 и најмалку загадениот Центар со 118 микрограми ПМ 10 честички на метар кубен.
Максималната граница на ПМ 10 честички која може да се толерира како незагаден воздух изнесува 50 микрограми на метар кубен. Износите над 5 мати над максимумот се карактеризираат како опасни за здравјето на човекот.