дома Македонија Вечерва ќе се нaправи четвртата трансплантациja на срце во Македонија

Вечерва ќе се нaправи четвртата трансплантациja на срце во Македонија

Министерот за здравство Венко Филипче вечерва на својот фејсбук профил објави дека се прават подготовки за четврта трансплантација на срце.

– Започнуваме подготовки за четврта трансплатација на срце. Тимот спремен и мотивиран како и секогаш, напиша Филипче.

Досега во земјава се направени три трансплантации на срце. Првата трансплатнација од починат донор беше направена во мај минатата година, а годинава имаше уште две трансплантации.