дома Актуелно Вељаноски за ТВ Нова: Има доволно време да се запазат сите законски...

Вељаноски за ТВ Нова: Има доволно време да се запазат сите законски рокови

Има доволно време да се запазат сите рокови за да има рамноправен политички изборен дуел, изјави во гостувањето во вестите на ТВ Нова претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски.

„Година дена бевме во константна ситуација дека ќе има предвремени избори. Ако до сега не се спремија партиите, не знам дали ќе им бидат доволно овие 55-56 дена до одржувањето на изборите. Од законска страна, има доста доволно денови за да се одржат и да се запазат сите законски рокови за одржувањето на изборите на 11 декември“, рече Вељаноски.

Вељаноски потсетува дека четири пати по ред имаме предвремени парламентарни избори, кои секогаш се одржувале 50-51 ден од распуштањето на Собранието.

„Јас не гледам некои експерти коишто велат дека морало точно на 60-тиот ден да се распишат и да се одржат изборите од распуштањето на Собранието. И претходно сме имале, 50, 51 ден се доволно да се запазат сите рокови за да може да има рамноправен политички изборен дуел за време на одржувањето на изборите кои ќе бидат на 11 декември“, вели Вељаноски.