дома Политика ВЕЌЕ НАДМИНАА ПОЛОВИНА МИЛИЈАРДА ЗАДОЛЖУВАЊЕ: Тевдовски секојдневно ја движи економијата кон еден...

ВЕЌЕ НАДМИНАА ПОЛОВИНА МИЛИЈАРДА ЗАДОЛЖУВАЊЕ: Тевдовски секојдневно ја движи економијата кон еден огромен амбис и банкрот, државата за задолжи за половина милијарда евра

СДС се задолжува само за да ја покријат сопствената неспособност за креирање нормални услови за раст на економијата, се вели во реакција на ВМРО-ДПМНЕ на соопштение на СДСМ.

-За 4 месеци, Тевдовски успеа да направи пустош во македонската економија, а државата ја задолжи за половина милијарда евра. Тој секојдневно ја движи македонската економија кон еден огромен амбис и банкрот на државата, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека СДС се свесни дека не можат да му парираат на ВМРО-ДПМНЕ кога се во прашање проекти, економија, намалување на невработеност.

-Затоа мора да измислува и фабрикува лаги и да ја манипулира јавноста, наметнувајќи теми кои пред избори треба да го оттргнат вниманието на граѓаните од понудата на партиите и кандидатите за градоначалници, се вели во реакцијата.