дома Актуелно ВИДЕЛА, НЕ ВИДЕЛА, ЗАЕВ БИЛ, КАМЧЕВ БИЛ: Боки 13 ја направи Русковска...

ВИДЕЛА, НЕ ВИДЕЛА, ЗАЕВ БИЛ, КАМЧЕВ БИЛ: Боки 13 ја направи Русковска пуздер во завршните зборови

Вилма Русковска се шетала како „Мечка Божана“ од медиум на медиум откако го уапсила Боки 13.

Јовановски објаснуваше и едно нејзино гостување на „Канал 77“ каде Русковска не знаела што да одговори во врска со тоа кој го пријавил случајот – Камчев или Заев.

„Се плеткаше, Заев бил, па Јордан бил, па видела нешто – па не видела“ – рече Јовановски.

Не сме сите еднакви пред законот, вели Јовановски, додека објаснуваше како поминувал низ притворот но и поради односот на Русковска.

„Додека бев во затвор бев дискриминиран дека сум бил ‘педер’. Дури и екс-премиерот ме нарече ‘педер’ и кога тоа ќе го каже премиер ги окуражува сите да ме викаат така. И кој одговараше за тоа? Заев? Не, никој не одговараше“ – рече Бојан Јовановски.