дома Актуелно (Видео)БЕГАЛА ОД КУЧИЊА НА УЛИЦАТА: Снимка од местото на трагичната сообраќајка во...

(Видео)БЕГАЛА ОД КУЧИЊА НА УЛИЦАТА: Снимка од местото на трагичната сообраќајка во која животот го загуби млада девојка!

Дваесет и четири годишната Деспина П. е девојката која попладнево го загуби животот во сообраќајна несреќа која се случи во населбата Гоце Делчев околу 16:30 часот.

Според информации од очевидци, несреќата се случила кога на патот пред Пежото излегле кучиња па во обид да ги избегне, девојката преминала во спротивна лента директно удрила во автобусот.

Сообраќајката се случила кај вториот надвозник во населбата, а како што претходно објави Курир во истата учествувале автобус на ЈСП и автомобил „Пежо“ кој го управувала девојката.