дома Европа (ВИДЕО)БЕРЛУСКОНИ ВО СВОЈ СТИЛ И СЕ ОБРАТИ НА НОВИНАРКАТА: Не стискај кога...

(ВИДЕО)БЕРЛУСКОНИ ВО СВОЈ СТИЛ И СЕ ОБРАТИ НА НОВИНАРКАТА: Не стискај кога се поздравуваш, нема да се омажиш

Силвио Берлускони, поранешниот италијански премиер при поздравувањето со новинарка на Би-Би-Си ѝ дофрли дека не треба да се ракува толку силно, бидејќи никој нема да сака да ја ожени.

– Немој толку силно да се ракуваш. Во спротивно мажите ќе помислат „оваа ќе ме тепа“ и никој нема да сака да се омажи за тебе. Дали си мажена? Ќе видиш. Биди внимателна, и порача Берлускони на новинарката по завршеното интервју.

Кога новинарката рече дека смета оти силниот стисок при ракување е добар, Берлускони и рече дека се шегува.

Во 2016 година, Берлускони тврдеше дека „мајка не може да биде градоначалник“ кога ја критикуваше бремената Џорџија Мелони, лидер на партијата Браќа на Италија, која се кандидираше за градоначалник на Рим.

По изборот на Доналд Трамп, Берлускони во телевизиско интервју изјави дека омилена работа во врска со новиот претседател на САД е неговата сопруга. – Како многу други, мажи и жени, ми се допаѓа Меланија. Поради нејзината убавина, стил и шарм, рече Берлускони.

Тој ја искоментира и сопругата на францускиот претседател Емануел Макрон – Брижит, за која рече дека е „згодна мама“.