March 28, 2024, 10:25 pm

(Видео)Бетмен велиТ – Новиот Заев!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во најновата епизода од емисијата „Бетмен велиТ“ на Инфомакс, Богдан Ивановски ја анализираше големата мистерија за потенцијалниот наследник на Зоран Заев во СДСМ, односно како се бира претседател на моментално владеачката партија.
„На избори на кои гласа членството“, би одговориле од СДСМ.

И не се сомневаме. Но кога имаш одговорен претседател како Зоран Заев, тој ќе стори сѐ за членството да не се мачи многу, па ќе му понуди да одлучи.

Но, бидејќи не е толку демократски стариот крал да избере нов крал толку јавно и директно, мора да се направи еден мал куклен театар.

И тој започна со најавата за средбата Заев со лидерот на Алтернатва, Гаши, односно со најавата дека токму на оваа средба јавноста ќе дознае кој е мандатарот.

Новиот мандатар беше најавен како „личноста која ќе седи до Заев на таа средба“.

Прво беше пуштена информацијата дека оној кој ќе биде во друштво на Заев на средбата со Гаши е неговиот избор за нов шеф на СДСМ. Како на времето кога ќе оделе девојките на корзо, па кога носеле цвеќе кое удварачот им го праќал претходниот ден, значи дека го симпатизираат и сакаат да се со него. Романтично..
Но, покрај романтичниот дел, во овој театар мора да има и малку драма и трилер, па Заев на средбата со Гаши се појави со избраникот Димитар Ковачевски, поради што и новинарите го прашаа Зоќи дали навистина го претстави својот фаворит како што беше најавено.

И тука доаѓа драмата.

По средбата Заев го испофали Димитар Ковачевски, набројувајќи ги неговите достигнувања и функции во партијата, и додавајќи дека СДСМ на непосредни избори ќе си го избере следниот претседател на партијата.

Е така де, онака се сетил Заев да го однесе заменикот министер за финансии на средба за која се убедува со Гаши да влезе или не во владата можеби се анализираат некои финански детали на такви средби.

Не дека Заев ќе им каже на луѓето за кого да гласаат и кој ќе е новиот Заев. Тоа не би било демократски.
Но, новинарите се сомневаат во искреноста на премиерот, па го прашаа зошто токму Ковачевски бил со него на средбата наместо некој од неговите потпретседатели, на што Заев одговори дека тој лично одлучил токму Ковачевски да биде тој ден со него.

Заев, лично одлучил дека на средбата, на која беше промовирано дека ќе се појави наследникот на Зоќе во империјата на власт да го донесе токму Ковачевски за кого јавноста прв пат слушна кога тој беше посочен како новиот Заев.

„Димитар Ковачевски е член на извршниот одбор на СДСМ, претседател на Комисијата за финансирање, член на штабови, член на претседателство од 200 наваму, може и порано….“, изјави тогаш Заев

Заев посочи и дека неговиот избраник бил комплетно способен да му помогне во разговорите со Гаши за влез на Алтернатива во Владата.

Заев си го носи Ковачевски на оваа средба, за после извесниот влез на Алтернатива во владата тоа да е голем успех и на КОвачевски, па преку тоа да се легитимира како следен премиер на државата.

Драмата продолжи на седниците на Централниот и Извршниот одбор на СДСМ кога Заев ја официјализирал оставката.

Кралот во заминување, јавно не сака да каже дека си има избраник, наследник, туку тоа треба да се одигра поинаку, демек демократија.

Членството ќе бира, а Зоќе ќе сервира.

Демек, јавно ќе глумиме демократија, а позади завеси лидерот веќе си одбрал свој човек за наследник. Ама безобразниве новинари не пијат од нафтата на Зоќе.
Се дозна дека Заев фаворизира некој, и место да го остави членството да бира, тој одбра кој ќе биде нов претседател на СДСМ. И после седниците Централниот и Извршниот одбор, наместо Заев да излезе и да одговара на непријатните прашања на новинарите, ја испрати порпаролката, која изјави дека на седниците се донеле важни одлуки за државата

На состанок на партијата се носеле важни одлуки на државата. Како да сме во Северна Кореја. А пред некоја година се бореа и многу боја пролеаја за да се оддвоела државата од партијата.

Лош старт за новиот претседател.

Од СДСМ понатаму реферираат дека државата со полн капацитет се справувала со енергетсата криза. Ја знаете онаа ситна криза во која поради тендерите во РЕК осанавме без јаглен кој сега не може ни да го набавиме, па крадевме струја од европскиот систем и ќе плажаме десетици милиони штета за две три недели државен лоповлук.

Така, лидерот кој беше избркан со резултатот на изборите реши да си одбере нов мали Зоќо да му седне во фотелјата.
Па уште на прес конференцијата, порпаролката на прашањето дали Заев го промовира Ковачевски како негов наследник, одговори дека станувало збор за коментар за квалитети на „еден човек“.

Логично прашање од новинар, дали беа споменати квалитетите на некои други луѓе освен на Ковачевски, порпаролката дговори дека од утре се отвара постапката на СДСМ за избор на нов претседател на партијата и ќе можат да се пријават сите заинтересирани кандидати коишто ги исполнуваат критериумите коишто се наведени во статутот на партијата.

Но прашањето е дали пријавените ги исполнуваат критериумите на пријавените, тоа прашуваат новинарите. Крај краева, и кандидатите би сакале да знаат дали вреди да се пријават или не. Ако Заев веќе си има свој избраник…

Со ваквото плеткање во одговорите, испаѓа дека квалитетите му се што Заев го одбрал.

А Заев ни кажа дека самите мора да бидеме ковачи, пардон, ковачевски на својата судбина.

Секако, имиња не се спомнуваат.

Како ли и беше на порпаролката, незгодни прашања, па не ги дослушува, па да немало недоразбирање..

Одговорите се како да се состанал филозофскиот круг на СДСМ, и си зборувале покрај за тоа колку се добри во енергетиката, и за тоа како некој човек, било кој, да не спомнуваме имиња, би требало да изгледа и кој кавалитети да ги има за да биде наследник на најдобриот од најдобрите, Зоран Заев. И никако не смее да се спомне дека Заев го промовираше Ковачевски за свој наследник и дека изборите за нов претседател се обична фарса.

Ама и новинарите не и попуштија, конкретно ја прашаа за Димитар Ковачевски, на што таа повтори дека станувало збор за квалитети на еден човок, нагласувајќи дека смета дека со тоа е одговорено прашањето.

Конкретно ја прашаа, ама таа, некокретно кажа дека и забрането да каже дека наследникот е веќе избран бидејќи така си го рушат концептот дека се јаки демократи, а во суштина Ким Јонг Сунг го избра Ким Јонг Ун за свој наследник на лидерското место на партијата која на партиски состаноци носи одлуки за судбината на државата и заклучоци дека се одлични во справувањето во енергетската криза.

Порпаролката се држи за одговорот како пијан за плот, или како Заев за својот имиџ како демократ, дека кандидатот треба да ги исполни условите пропишани во статутот.

А во статутот, непишаниот, стои дека условите кои треба да ги исполни еден кандидат за претседател на СДСМ, се да е избран од Заев за него вна следник, да се вика Димитар Ковачевски. Па сите кои ги исполнуваат овие услови слободно нека се пријават на конкурсот.

Ете, врвна демократија.

Но, ова важи само за во СДСМ. За да биде мандатар на влада Ковачевски, условите согласно статутот се други.

Или како што изјави првиот вицепремиер, Артан Груби, Заев треба да остане на чело на владата во овој транзиторен период посебно во поглед на решавање на спорот со Бугарија.

Ете, статутот на владата вели дека дури не ја реши Бугариија Заев, нема амин од неговиот прв заменик да си замеине од влада, бидејќи Заев не е човек кој има право да си замине од влада и да си даде оставка и владата не е слика на демократската волја на народото она избори туку е приватно предузеќе во кое обврските преземени кон странските партнери мора да се исполнат без оглед на личните желби или одлуката на народот.

И овој филм ни е гледан…

Но, за да ги промовираме квалитетите на „еден човек“, треба да се вратиме на средбата на која Заев „не“ го промовираше неговиот наследник, по кoја следеа изјави за јавноста и нкога Заев покажа кој е квалитетот кој најмногу го цени кај Ковачевски за да го одбере за негов наследник, кога не му дозволи да одговори на новинарските прашања.

„Извини вака“, му рече Заев на Ковачевски.

Заев не му дозволи да одговори на новинарски прашања.
„Не оже, јас ќе зборувам“, а овој седи и си ќути.

Заев ко да му го погодил окото во последна сцена во порно филм а овој седи и си кути

Тоа е тој квалитет на еден човек. Да знае да поќути пред шефот. Така се напредува.

Јас ова го гледам како хуман демократски гест на Заев. Ем и помага на членовите на СДСМ и им кажува за кого да гласаат, ем му помага на избраникот и место Ковачевски да се мачи и да смислува одговори Заев е тука да зборува место него.

И кога утре кога ќе зборува Ковачевски со дозвола на Заев, да ги кажува неговите прекрасни зборови.

И конечно, за овој квалитет, да ги слуша Зоќе кога говори место него, Ковачевски Димитар во оваа прилика наречен Димитрие ќе си биде соодветно награден. Ќе си добие поклон фотејла и диплома шеф лично потпишана од Зоќе Заев.

А за некогаш да не падне во искушение и да не го послуша лидерот и да зборува во свое име, Димитрие следниот претседател на СДСМ и мандатар на владата учел од најдобрите. 

Видеото можете да го погледнете ТУКА

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This