дома Социјални Мрежи (Видео) БИТОЛСКАТА ГРАДОНАЧАЛНИЧКА ЈА ПРОМЕНИ ЦЕНАТА НА АВТОБУСКИОТ ПРЕВОЗ: Според Петровска, значителна...

(Видео) БИТОЛСКАТА ГРАДОНАЧАЛНИЧКА ЈА ПРОМЕНИ ЦЕНАТА НА АВТОБУСКИОТ ПРЕВОЗ: Според Петровска, значителна е разликата од четрсто и четристотини денари

Градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во гостување на една од локалните телевизии во своето излагање направи парлалела помеѓу износот кој го плаќале учениците и граѓаните кои патувале од Новаци и Битола. Станува збор за огромна разлика во сума на пари како што вели таа

-Граѓанин кога се вози во меѓуопштински превоз помеѓу општина Новаци и општина Битола плаќа повратна карта од четрсто денари, а учениците плаќале по четиристотини денари. Станува збор за голема разлика во суми. За мене и учениците се патници, изјави  во интервју за телевизија ТЕРА Наташа Петровска, градоначалник на општина Битола инаку дипломиран професор по математика .