дома Македонија (Видео)БУЏЕТОТ ЈА ОТКРИВА ТАЈНАТА: Казни од по 5.000 евра ако не знаете...

(Видео)БУЏЕТОТ ЈА ОТКРИВА ТАЈНАТА: Казни од по 5.000 евра ако не знаете албански, или поголеми за фирмите!

Додека во Собранието непрекинато тече дебатата за неуставниот закон за јазиците, предлог буџетот за 2018 година открива дека ќе има казни за граѓаните и институциите за неупотреба на албанскиот јазик.

Во најголемиот буџет во историјата на Македонија ќе има и пари за две нови институции кои ќе произлезат од новиот закон за јазиците. Тоа ќе бидат агенцијата за примена на јазикот како и Инспекторатот за употреба на јазиците.

Функциите на овие две установи се сеуште нејасни, но едно е сигурно, Инспекторатот за употреба на јазиците ќе ја има функцијата да ги казнува граѓаните и државните институции кои нема да го употребуваат албанскиот јазик.

Бујар Османи во свое неодамнешно интервју уште пред формирањето на новата влада најави казни кои ќе достигнуваат и до 5 илјади евра за институцијата која нема да го почитува законот, а до 30 проценти за вработените.