дома Локално (Видео)ВИСТИНСКА БИТКА НА УЛИЦИТЕ ВО СКОПЈЕ: Сообраќајната полиција води битка со нелегалните...

(Видео)ВИСТИНСКА БИТКА НА УЛИЦИТЕ ВО СКОПЈЕ: Сообраќајната полиција води битка со нелегалните трки со мотоцикли!

Вистинска битка се води на скопските улици помеѓу сообраќајната полиција и организаторите на нелегалните улични трки со мотори, кои претставуваат вистинска опасност по безбедноста на учесниците во сообраќајот

 

Често под дејство на алхохол или други опијати, со зголемено ниво на адреналин и тестостерон, нелегалните трки со мотори кои се организираат низ Скопје се вистинска опасност по безбедноста на граѓаните. Она што загрижува уште повеќе е тоа што натрапниците е уште потешко да бидат казнети од полицијата поради нивната дрскост и непочитување на законот.

За нив, полицијата ретко кога претставува пречка за организирање на трките, а често бегаат ако сообраќајната полиција сигнализира да запрат. Поради ова, на улиците во Скопје се води вистинска битка помеѓу сообраќајната полиција и организаторите на нелегалните улични трки со мотори, во која во последно време се вклучија и граѓаните. Ако со ништо друго, барем со поддршка.

 

Во текот на вчерашниот ден полицијата успеа да заплени десетина моторцикли, а на неколкумина мотоциклисти им беа изречени казни и издадена забрана за управување.