дома Временска Прогноза (Видео)ВИУЛИЦА НА СТРАЖА: Надлежните остануваат на терен – интензивно се чистат патните...

(Видео)ВИУЛИЦА НА СТРАЖА: Надлежните остануваат на терен – интензивно се чистат патните правци Стража и на кракот Маврово- Дебар!

Се чисти снегот на патните правци Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража, како и на кракот Маврово – Дебар. Сите надлежни институции се на терен и ќе останат и натаму за да одговорат на предизвиците што ќе се појават од најавеното време.

Се препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

По најавата за ниски температури и снежни врнежи во целата држава, владиното Координативно тело за справување со кризи и Управувачкиот комитет за кризи апелираа граѓаните да бидат внимателни при планирање на патувањата, да не тргнуваат на пат доколку немаат итна потреба и да носат соодветна зимска опрема. Тоа особено се однесува за транспортните возила за кои не е исклучена забрана во определен период.