дома Балкан (Видео)ВОЕНИ АВИОНИ НАД ПРЕШЕВО: Жителите на Прешево исплашени откако српски воени авиони...

(Видео)ВОЕНИ АВИОНИ НАД ПРЕШЕВО: Жителите на Прешево исплашени откако српски воени авиони направиле неколку прелети!

Неколку воени авиони на Србија летале на небото над Прешево, пренесуваат Косовските медиуми, по инцидентот кој завчера се случи во Косовска Митровица кога косовските специјални сили вооружени со автоматски пушки уапсија српски владин претставник

Прелетот на авионите ги исплашил жителите, претежно Албанци, бидејќи според нив, ова е прв пат воен авион да прелета над Прешево од крајот на војната, пишува косовскиот портал „Индексонлајн“.
Според граѓаните во Прешево, авионите летале околу 20 минути над Прешево.