дома Хроника (Видео)ВОЗНЕМИРУВАЧКА СНИМКА: Контролори во автобус претепаа дете!

(Видео)ВОЗНЕМИРУВАЧКА СНИМКА: Контролори во автобус претепаа дете!

Контролори во автобус во Србија нападнале еден патник кој немал билет. Според коментарите на социјалните мрежи, момчето било малолетно и се враќало од училиште, а контролорите ги пречекориле овластувањата.

Едниот од контролорите го турка и стиска момчето, во обид да го собори, додека другиот ги спречува луѓето во автобусот да ги раздвојат. Двајцата контролори го вадат момчето надвор и го тепаат.

 

По здобиените удари, момчето се грчи и се обидува да се извлече и избега, но се онесвестува.

 

 

Претходно од компанијата „Апекс“ известија дека при инцидент во автобус, повредени се двајца контролори. Едниот од нив се здобил со скршени прсти, а другиот бил удрен по окото. По објавувањето на видеата на социјалните мрежи од компанијата известија дека контролорот е суспендиран, се додека не се разчисти случајот.