дома Балкан (Видео)ВО ТУРЦИЈА НЕ ПОМИНУВААТ: Полицијата со гумени куршуми ги растеруваше активистите на...

(Видео)ВО ТУРЦИЈА НЕ ПОМИНУВААТ: Полицијата со гумени куршуми ги растеруваше активистите на ЛГБТ!

Турската полиција денес го разби обидот на геј активисти да одржат парада на гордоста во Истанбул, и покрај изричната забрана на локалните власти

Полицијата на 40-та собрани поддржувачи на ЛГБТ испалила гумени куршуми, иако власта издала забрана за одржување на геј парадата, поради заканите на припадници на ултранационалистички групи во земјата.

Малата група на активисти се собрале на плоштадот Таксим, меѓутоа полицијата значително ги надбројаа и по завршувањето на судирот четворица се уапсени.

Ова е трета година како по ред парадата на „гордоста“ неуспешно се одржува во Истанбул, потсетува АФП.