дома Локално (Видео)ВО 21 ВЕК, КАРБИНЦИ БЕЗ ВОДА: Водата има жолтеникава боја и не...

(Видео)ВО 21 ВЕК, КАРБИНЦИ БЕЗ ВОДА: Водата има жолтеникава боја и не е за пиење, градоначалникот не го решава најгорливиот проблем на граѓаните.

 

Во 21 век општина Карбинци е без вода, водата има жолтеникава боја и според испитувањата не смее да се пие. Жителите велат дека најголем проблем им е водата, а велат дека немаат доволно пари за да купуваат флаширана вода. Тие потенцираат дека пред изборите, актуелниот градоначалник од редовите на СДСМ, Јордан Насев им ветувал квалителтна вода за пиење и наводнување.

– Обезбедуваме квалитетна вода и за пиење и за наводнување, стои во програмата на градоначалникот ,,Живот во Карбинци за сите’’.

На проблемите со водата за пиење која ја имаа граѓаните реагираше Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Карбинци како и советничката група на опозицијата кои до советот и градоначалникот поднесоа барање за итно решавање на проблемот со водата.