April 16, 2024, 10:49 am

(Видео)ГРАЃАНИТЕ ЗГРОЗЕНИ ОД ИЗЈАВИТЕ НА ЗАЕВ: Не за двојазичност, Македонија е жртва – не виновник во споровите!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Не може сите да бидат лоши околу нас, а ние да сме најдобрите. Ако сите се скарани со Македонија, проблемот е во Македонија. Јас сум истиот Зоран Заев, кој што ја отвори јавно употребата на јазиците во Македонија и еднаквоста и рамноправноста во државата. Ова се ставови на опозицискиот лидер Зоран Заев искажани пред албанската дијаспора во Берн, Швајцарија.

anketa-640x345
Заев во низа скандалозни и антимакедонски изјави ја обвини македонската власт дека таа била одговорна за лошите односи на Македонија со соседите, нагласувајќи дека “проблемот е во Македонија“. Заев пред албанските иселеници отворено ја искритикува Македонија и застана во одбрана на Косово, Албанија, Грција, Бугарија и Србија. Нагласи дека не можело сите тие да не се во право, односно потенцираше дека грешката била во Македонија.

-И не може сите да бидат лоши околу нас, а ние да сме најдобрите. Ако сите се скарани со Македонија, проблемот е во Македонија, изјави Заев.

Заев и пред албанската дијаспора отворено говори за еднаквоста при употреба на јазиците, односно воведување на двојазичност на целата територија на Република Македонија.

Зоран Заев очигледно не ја слуша јавноста, бидејќи да ја слушаше ќе сфатеше дека овие негови ставови се сосема спротивни на ставовите на граѓаните низ Македонија.

На прашањето дали проблемот е во Македонија и што мислат за двојазичноста граѓаните го одговорија следното:

-Проблемот најмногу е во Грција. Тие нас не не признаваат и тука е проблемот. Јас сум против двојазичност.

-Мислам дека Македонија не е виновна. За тоа сега треба да се најде некое решение. Кога станува збор за јазикот тоа да биде регулирано во рамки на рамковниот договор.

-Јас прво ги обвинувам Грците. Ние сме постоеле многу години. Македонија е на добар пат и мислам дека ќе постигне добри резултати. Јас сметам дека не треба да има двојазичност, бидејќи тие се во помал процент отколку што се прикажуваат.

-Нека направат прво попис за да видиме колку проценти се. Па потоа нека добијат права, не се повеќе од 15% а тие велат 25%, а потоа нека биде реципрочно, и нашите Македонци во Албанија да имаат исти права.

-Македонија никогаш ниту била ниту ќе биде виновна. Оти ние сме Македонци и ништо друго. А не Грците, тие името да ни го ставаат. Кој се тие? Не ни се кумови нас. Ние сме постоеле и ќе постоиме. Никако двојазичност на цела територија, а не верувам дека се над 20%. Зошто не сакаат попис да се направи? Нека се направи пописот и ќе видиме дека под 20% ќе бидат. Е тогаш не треба да важи ниту рамковниот договор.

-Доволно им е и ова што го имаат. Не ни треба двојазичност. Во Велес ли да има двојазичност?

-Македонија не е виносвна. Виновни се Грците кои не напаѓаат цел живот. Албанците во Македонија не треба да имаат поголеми права. Се знае, тие се малцинство. Не може да имаат поголеми права.

-Онаму каде што се мнозинство нека си го зборуваат јазикот. И до сега не им било забранувано, зборувале Албански и во Југославија. Ама не треба низ цела држава да има двојазичност.

-Од наша страна беше направено се за да успеат преговорите, така да виновен е соседот. Во Уставот е децидно кажано за јазикот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This