дома Социјални Мрежи (ВИДЕО)ГРАЃАНИТЕ СИ ИГРААТ МАЈТАП СО ШИЛЕГОВ: Авионот полета можете мирно да спиете

(ВИДЕО)ГРАЃАНИТЕ СИ ИГРААТ МАЈТАП СО ШИЛЕГОВ: Авионот полета можете мирно да спиете

Откако неажурноста на Град Скопје во врска со дезинсекцијата создаде неверојатен револт кај граѓаните, градоначалникот Петре Шилегов конечно се одважи и почна да си ја врши работата. За жал експертите велат дека прскањето против комарци сега е предоцна, бидејќи ларвите на комарците се веќе развиени и прскањето нема ефекти.

 

Сепак ова не ги спречи граѓаните да си играат мајтап со Шилегов и градските власти кои повикаа медиуми да го проследат утринското полетување на авионите кои треба да прскаат против комарци. На повикот се одзваа неколку млади луѓе кои со камерите на своите телефони на аеродромот Стенквоец направија вистинско шоу. Можеби станувањето во пет часот наутро е мачно за младите, но во овој случај дефинитивно вредеше. Погледнете го видеото: