(Видео)Граѓанска вojнa на повидок во Америка – пapaвoeни формации на Афроамериканци со пyшkи и пaнциpи излегоа на улица

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пушки, панцири и црни униформи се дел од вооружената паравоена формација сочинета од Афроамериканци, која маршираше во текот на протестите во американскиот град Лафајет во Луизијана.

Афроамериканската милиција од групата која се нарекува „Не се зае*авај со нас“ (НФАЦ) се собра на демонстрации во градот, демонстрирајќи против полициското насилство. Протестот во Лафајет, со парада на вооружената група, доаѓа сред растечки расни тензии во САД, пишува РТ.


Неколку стотина припадници на НФАЦ, облечени во црни униформи, многу со воени пушки, панцири и друга воена опрема, маршираа по американскиот град за да изразат протест поради убиството на Трејфор Пелерин, Афроамериканец.

Една од причаната за протестот е и заканата на еден од конгресмените од Луизијана, кој им се закануваше на Фејсбук.

Лидерот на НФАЦ, кој се претставува како Велемајстор Џеј одржа и говор, во кој се осврна на слоганот на Доналд Трам „Да ја направиме Америка голема повторно“.

„Тој слоган не се однесува на нас Афроамериканците. Не можам да се сетам на времиња кога нам во оваа земја ни беше добро“, рече тој, на што насобраните возвратија со скандирање „црна моќ“.

Маршот се заврши мирно, но еден од учесниците е уапсен бидејќи пукал од неговото оружје. Од НФАЦ наведуваат дека таа особа не е член на нивната организација.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This