дома Актуелно (Видео)Грозјето ќе му го иcтypaaт пред куќа на Заев

(Видео)Грозјето ќе му го иcтypaaт пред куќа на Заев

Бидејќи владата се уште нема решение за ниските откупни цени на грозјето во Тиквешијата, лозаропроизводителите денес на прес-конференција предупредија дека тие ќе ги радикализираат чекорите до исполнување на нивните барања за зголемување на откупната цена, но и гарантирана минимална цена и пет денари по килограм субвенции.

Лозаропроизводителите најавија дека ако во наредните неколку дена не се корегираат откупните цени и ако владата не гарантира субвенции, тогаш тие ќе започнат со граѓанска непослушност, а ќе ги блокираат и поголемите винарии во Кавадарци, Росоман, Неготино, Демир Капија и Валандово.

„Детето требаше да оди во Германија, не го пуштив. Парите ги дадовме за лозје, за препарати, а сега на грозјето што ќе му правиме. Јас сум решен да одам до крај. Сиот род ќе му го однесам на Заев пред куќата. Во Струмица ќе одам.“ – вели еден од лозаропоризводителите, присутен на денешната прес конференција.

Новиот министер за земјоделство Аријанит Хоџа се уште нема закажано состанок со лозарите.