дома Балкан (Видео)ДАЧИЌ МУ ПЕЕШЕ НА КОЅИЈАС: Пред да пристигне во Охрид, Коѕијас се...

(Видео)ДАЧИЌ МУ ПЕЕШЕ НА КОЅИЈАС: Пред да пристигне во Охрид, Коѕијас се дружеше со Дачиќ кој му пееше на увце!

Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ го прими шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕијас во Вила Мир, а српските медиуми веќе пренесуваат видео на кое може да се слушне дека Дачиќ пее познатата грчка песна.

Коѕијас потоа го замолил да му ја отпее „Тамо далеко“ и рекол дека тоа е најубавата песна на светот, по што Дачиќ му ја исполнил желбата. Официјалниот состанок меѓу двајцата министри почна денеска во 10:30 часот.