дома Актуелно (Видео)ДЕТАЛИ ЗА ГРАБЕЖОТ: Две лица облечени во бело, вооружени со „Калашњикови“ влетале...

(Видео)ДЕТАЛИ ЗА ГРАБЕЖОТ: Две лица облечени во бело, вооружени со „Калашњикови“ влетале во казиното, испукале два куршуми и побегнале

Некаде околу 22.00 часот во казино лоцирано на бул.Партизански Одреди, во близина на крстосницата помеѓу трговскиот центар Лептокарија и поликлиниката „Букурешт“ се случила тешка кражба во казиното „Астра“, дознава „Инфомакс“

 

Според првичните информации, во казиното влегле две лица облечени во бели алишта со фантомки на главата, а и двајцата носеле автоматски пушки „Калашников“.

Кражбата се случила молскавично брзо, а во нападот, според засега непотврдени информации едниот од напаѓачите испукал два куршуми во плафонот на казиното. Нападот, според приватното обезбедување траел 20-тина секунди.

Откако ги земале парите, влегле во возило кое ги чекало и избегале во непознат правец.

Од МВР за „Инфомакс“ го потврдија настанот, и информираа дека полицијата работи на расчистување на случајот, а на лице место веќе бил направен увид.

Репортер
Борислав Стоилковиќ