дома Европа (Видео)ДРАМА НА ШПАНСКАТА ГРАНИЦА: „Мирните“ мигранти со пламенофрлачи ја пробиле граничната ограда...

(Видео)ДРАМА НА ШПАНСКАТА ГРАНИЦА: „Мирните“ мигранти со пламенофрлачи ја пробиле граничната ограда кај градот Сеута!

Повеќе од седумстотини мигранти вооружени со стапови и импровизирани фрлачи на пламен ја пробиле пограничната ограда во шпанскиот град Сеута, објавија локалните медиуми.

Повеќе од сто мигранти и дваесет офицери од пограничната полиција се повредени при настанот.

Шпанскиот Црвен крст на својот профил на Твитер напиша дека е повикан да прегледа над 592 лица по масовниот напад на ограда што се случи рано утринава.

Во нападот намигрантите, беа повредени 22 полицајци, а четворица беа хоспитализирани.

Шпанската влада не објави колку мигранти успеале да влезат на шпанската територија.

Африканците од субсахарската област живеат нелегално во Мароко и секоја година се обидуваат да ја преминат шест метарска ограда која ја оделува шпанската енклава Сеута и Малиља.