дома Македонија (Видео)ОД КОГО СЕ ПЛАШИ ЗАЕВ?: Осум возила обезбедување го следат скапиот „Мерцедес“!

(Видео)ОД КОГО СЕ ПЛАШИ ЗАЕВ?: Осум возила обезбедување го следат скапиот „Мерцедес“!

Скапиот „Мерцедес“ кој Заев требаше да го продаде, ама Оливер Спасовски го изгреба па потоа кажа дека таков не бил за продавање, се претвори во скапа играчка за Зоран Заев и неговото семејство

Попладнево, Заев повторно отишол во вилата „Горица“ заедно со уште осум возила полни со обезбедување, и две придружни возила, односно, популарно наречената претходница. Имајќи во предвид дека Заев нема најавено средби со некои странски гости или домашни делегации, сосема сигурно е дека Заев ги користи парите на граѓаните за сопствено задоволство.

Но, се поставува прашањето од кого се плаши Заев, ако знаеме дека тој себеси се прокламираше за човек од народот и за народот? Зошто дури осум возила полни со обезбедување?

Ако знаеме дека едно од овие возила во просек троши 50 евра само во гориво, а во секое возило има помеѓу двајца и четворица припадници на полицијата, кои ефективно не прават ништо, а земаат дневници исто така по 50 евра, тогаш една ваква екскурзија на Заев ги чини граѓаните од 2.000 до 3.000 евра.