Еден ученик загина, а најмалку 11 се повредени во експлозија во училница во основно училиште во руската република Дагестан.
Три повредени деца се во критична состојба, соопшти локалната болница.
Бомбата е активирана во кабинетот по информатика, изјави директорот на училиштето, јавуваат руските медиуми.
Според првичните податоци, експлозивната направа ја внесол ученик од осмо одделение.
https://www.youtube.com/watch?v=fRcPJqTO5bw