дома Спорт (Видео)ЕЛМАС „КPШEШE КИЧMИ“ И „ПPAЌАШЕ ПО ЦИГAPИ“ НА КАМП НОУ: Македонскиот бисер...

(Видео)ЕЛМАС „КPШEШE КИЧMИ“ И „ПPAЌАШЕ ПО ЦИГAPИ“ НА КАМП НОУ: Македонскиот бисер во одлично светло против големата Барселона

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас уште еднаш ги импресионираше луѓето во Наполи по неговиот одличен настап на пријателскиот натпревар против Барселона.

Елмас го започна натпреварот од првата минута и играше до 57. минута кога беше повлечен и заменет од  Гаетано.

Младиот фудбалер беше расположен и одлично ја контролираше играта на средината на теренот. Фановите на италијанскиот клуб веќе почнаа да го фалат по социјалните мрежи и посочија дека доколку продолжи вака со сигурност често ќе биде дел од првиот тим на Наполи.