дома Занимливости (Видео)ЖЕДНА СУМ, ДАЈ МИ ВОДА: Опасна кобра пиеше вода од човечка рака...

(Видео)ЖЕДНА СУМ, ДАЈ МИ ВОДА: Опасна кобра пиеше вода од човечка рака – жештината и жедта ја примораа

Познато е дека, најчесто, отровните змии никогаш први не напаѓаат и тоа го прават само во самоодбрана. Ова видео докажува дека дури и тие животни понекогаш се спремни да прифатат помош

И покрај фактот дека кобрата се смета за една од најопасните змии на светот, Индијците ги почитуваат овие влекачи и никогаш не ги повредуваат.

Видеото снимено во индиската држава Махараштри докажува дека животното и тоа како знае да ја почувствува човековата намера.

Оваа кобра го совлада стравот – жедта ја примора да пие вода од човекова рака.

За триесетина секунди животното ја испи водата која човекот стрпливо ја држеше пред неа.