дома Македонија (Видео)ЖЕСТОК ГОВОР НА ДРАГАН ДАНЕВ: Ова е најкриминалната влада досега, треба да...

(Видео)ЖЕСТОК ГОВОР НА ДРАГАН ДАНЕВ: Ова е најкриминалната влада досега, треба да биде минато

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев на премиерот Зоран Заев денеска при гласањето на доверба на Владата во Собранието му порача дека е предводник на најнеспособната и најнеработливата влада во историјата на Република Македонија.

Според него, Владата нема капацитет за водење на институциите.

-Наместо да се зафати со решавање на реалните проблеми и потреби на граѓаните на Република Македонија како што ветувавте во предизборието, вие работите исклучиво за остварување на своите партиски и лични интереси. И за одржување на, пред се, климавата коалиција. За да останате на власт сериозно ги подривте националните и државните интереси на мојата и вашата татковина, рече Данев од собраниската говорница.

Координаторот на пратеничката група потенцираше дека оваа, како што рече, недемократска, неспособна, најнеработлива и најкриминална влада треба да биде минато.

Тој побара од пратениците од парламентарното мнозинство кога ќе гласаат за доверба на владата да ги земат предвид интересите на граѓаните на Република Македонија.