дома Македонија (Видео)ЗАЕВ: Веруваме дека ќе докажеме дека избравме исклучително квалитетен кандидат во Стево...

(Видео)ЗАЕВ: Веруваме дека ќе докажеме дека избравме исклучително квалитетен кандидат во Стево Пендаровски

Стево Пендаровски е натпартиски кандидат и верувам дека сите ќе застанеме зад него, рече премиерот Зоран Заев по средбата во хотелот „Дабл три – Хилтон“, каде што се сретна со раководството на партијата.

СДСМ вечерва од 24 понудени кандидати го избра Стево Пендаровски за кандидат за претседател, кој ќе биде поддржан од владејачката коалиција.

Веруваме дека ќе докажеме дека избравме исклучително квалитетен кандидат во Стево Пендаровски пред се човек кој ги обединува сите етнички заедници, кој верува во оваа политика, политика на едно општество за сите. Верувам дека тој ќе ја спроведува исклучително добро функцијата претседател на Република Северна Македонија, изјави премиерот Зоран Заев по средбата.