дома Актуелно (Видео)ЗАЕВ ГИ РАЗБУДИ СЕЦЕСИОНИСТИЧКИТЕ АПЕТИТИ: Албанците спремни да земат и пушка во...

(Видео)ЗАЕВ ГИ РАЗБУДИ СЕЦЕСИОНИСТИЧКИТЕ АПЕТИТИ: Албанците спремни да земат и пушка во рака за да ја припојат западна Македонија кон Албанија!

Ако треба и со пушка в рака ќе се борам за голема Албанија, гласи одговорот на млад тетовчанец со албанска националност на прашањето на Босанската телевизија „Федерална“, дали е спремен да се бори за идејата за припојување на Тетово кон Албанија

 

Тиранската платформа и ветувањата на Зоран Заев со цел добивање на нивните гласови, дефинитивно ги зголемија апетитите на албанското малцинство во Македонија, кое повеќе не ја чувствува Македонија како сопствена земја.

Според еден од анкетираните од страна на Босанската телевизија „Федерална“, иако се родил во Македонија тој повеќе ја сакал Албанија, бидејќи таа му била „земја по крв“, додека Македонија не.

Друг тетовчанец пак, исто така од албанска националност, вели дека не сака да слушне за Македонија, и дека нормално било Албанија да ја смета за своја држава додека Тетово како дел од албанската територија.

 

Ваквите апетити на албанското малцинство во Македонија, кое според неофицијални податоци не брои повеќе од 17%, беа особено зголемени по најавата на Зоран Заев дека Македонија треба да го следи примерот на Швајцарија кога станува збор за државното уредување. Со тоа, Заев всушност најави дека е спремен да прифати редефинирање на унитарниот карактер на земјата во федерален, а со прифаќањето на т.н. „Тиранска платформа“ тој ги прифати и условите кои треба да резултираат со конечно остварување на овој план. Првиот чекор на владата на СДС кон оваа идеја е воведувањето на двојазичност, која треба да се донесе во Собранието на 13 септември.