March 29, 2024, 10:37 am

(Видео)Заев го отвори Европскиот куп во далечинско пливање во Охрид

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Премиерот Зоран Заев денеска официјално го означи почетокот на „Европскиот куп во далечинско пливање, олимписка дисциплина 10 километри“ во Охрид.

На стартот пред „Хотел Метропол“ во водите на Охридското Езеро земаа учество 33 пливачи од 14 земји учеснички меѓу кои и 6 Македонци и Македонки.

Премиерот Заев кој го означи и почетокот на купот во своето воведно излагање рече: „На бреговите на нашето преубаво Охридско Езеро, каде се наоѓаме е од исклучителна важност да имаме ваков тип на настани, кој е од светски ранг- не само затоа што ја имаме оваа природна убавина, туку многу повеќе заради тоа што преку ваквите настани ја промовираме државата, ги промовираме нашите реткости и стекнуваме пријатели, кои ни помагаат убавиот збор за нашиот народ и нашата држава да стигне далеку.“

Премиерот Заев упати и честитки до организаторот Пливачката федерација на Република Северна Македонија и до нејзиниот претседател Александар Маленко и неговиот тим, кои се заложија и се заслужни за тоа што ние сме дел и од Извршниот комитет за далечинско пливање, а во Светската пливачка федерација – ФИНА, Северна Македонија е препознаена како една од само петте земји во светот, во кои се организираат официјални трки за Олимписката дисциплина на 10 километри.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This