дома Актуелно (Видео)ЗАЕВ СЕ ИСКАРА СО РЕПОРТЕРОТ НА ИНФОМАКС: Нека ви служи на чест,...

(Видео)ЗАЕВ СЕ ИСКАРА СО РЕПОРТЕРОТ НА ИНФОМАКС: Нека ви служи на чест, му рече Заев на репортерот откако овој му постави незгодно прашање!

Премиерот му се налути на репортерот на Инфомакс, па почна да дели и лекции по новинарство откако се соочи со незгодно и ненарачано прашање во врска со ослободителната пресуда за случајот „Поткуп“ во кој Зоран Заев беше обвинет за примање на мито од 200.000 евра од струмички бизнисмен 

 

„Јас не знам со каква намисла сте, и ако тоа е слободното новинарство нека ви е на чест“ – рече Заев, на прашањето на репортерот на Инфомакс Борислав Стоилковиќ, кој го запраша премиерот дали на овој начин (со поткуп од 200.000 евра) планира да покаже пример за останатите политичари и бизнисмени да бидат општествено одговорни.

Веројатну чувствувјаќи ја вината, која ниту ослободителната пресуда не можеше да ја потисне, премиерот почна да се правда злоупотребувајќи ја црквата и верските чувства на граѓаните, па неколкупати се обиде да каже дека тоа што тој го направил било „Господова работа“.

Погледнете ја ситуацијата.