дома Uncategorized (Видео)ЗАЕВ СЕ ПОГАЗИ ПО КОЈ ЗНАЕ КОЈ ПАТ: Тврдеше дека буквите нема...

(Видео)ЗАЕВ СЕ ПОГАЗИ ПО КОЈ ЗНАЕ КОЈ ПАТ: Тврдеше дека буквите нема да се отстранат

Написот „Влада на Република Македонија“ од утрово го нема на владината зграда. Од Владата појаснуваат дека буквите биле отстранети рано утринава бидејќи, како што велат, на платото пред Владата во текот на денот ќе се одвиваат активности за поставување на НАТО знамето.

Но, на оваа тема, премиерот Зоран Заев до неодамна имаше поинакви ставови, но како и сите досега – не ги задржа.

Многу е важно дома да не бидеме обезличени, да не бидеме обесчестени. Кога влегувавте во оваа Влада, таму пишува Влада на Република Македонија, да не мораме тоа да го смениме, истакна Заев во едно интервју.