дома Хроника (Видео)ЗАПАЛЕНИ АВТОМОБИЛИ ВО ВЕЛЕС: Изгоре и Пасатот на директорот на фабриката „Благој...

(Видео)ЗАПАЛЕНИ АВТОМОБИЛИ ВО ВЕЛЕС: Изгоре и Пасатот на директорот на фабриката „Благој Ѓорев“

Два автомобили изгореа ноќеска во Велес. Едниот е во сопственост на АД Благој Ѓорев, додека другиот на физичко лице.


Автомобилите биле паркирани еден до друг пред колективните згради во кои живеат и лицата сопственици на истите. Пожарот во пожарната го пријавил еден од станарите во блиската зграда.

Неофицијално, „Пасатот“, сопственост на АД Благој Ѓорев кое најчесто било управувано од извршниот директор, кој инаку е поранешен пратеник, прво било опожарено.

Тоа што одма до „Пасатот“ бил паркиран автомобилот Опел Астра е пресудно и овој автомобил да биде опожарен.

На местото на настанот увид направи екипа на СВР Велес. Инаку за неполни четири години во Велес запалени беа автомобилите на тројца судии, еден висок полициски службеник, комерцијалниот директор на Жито Вардар и сега овие два.

Полицијата работи на расветлување на сите случаеви.