дома Актуелно (Видео)ЗАПОЧНА ЛИДЕРСКАТА СРЕДБА: Многу работи ќе бидат појасни по лидерската средба

(Видео)ЗАПОЧНА ЛИДЕРСКАТА СРЕДБА: Многу работи ќе бидат појасни по лидерската средба

Започна лидерската средба за можните опции за решение на спорот којшто Република Грција го има со уставното име на Република Македонија.

Премиерот Зоран Заев на средбата треба да ги информира лидерите на политичките партии и претседателот на државата, Ѓорге Иванов за последните детали од преговорите за името и за средбата во софија со неговиот грчки колега, Алексис Ципрас.

На прес-конференцијата на Самитот на ЕУ во Софија, Заев рече дека предлогот што го предал до грчката страна бил прифатлив и за премиерот на Грција, Ципрас.

Во меѓувреме, лидерите на грчките опозициски партии ПАСОК и Нова Демократија, предлогот Република Илинденска Македонија, кој телефонски му бил откриен на опозицискиот лидер Мицотакис, од страна на премиерот Ципрас, го отфрлија со оценка дека името во себе содржело иридентистизам.