дома Автомобилизам (Видео)ЗАПОЧНА ПРОДАЖБАТА НА НОВАТА „ЛАДА НИВА“: Новата верзија на легендарниот теренец започна...

(Видео)ЗАПОЧНА ПРОДАЖБАТА НА НОВАТА „ЛАДА НИВА“: Новата верзија на легендарниот теренец започна со продажба во Германија

Во Германија почна продажбата на новите верзии на руската „Лада Нива“.

Дилерите на АвтоВАЗ во Германија во понудата на тамошниот пазар ги сместија новите верзии на „Лада Нива“, пренесува весникот РГ наведувајќи дека станува збор за теренците со пет врати Lada 4×4 5-Türer и 4×4 Urban 5-Türer.

Lada Urban поставува нови стандарди за теренците. Компактниот дизајн и погонот на сите четири тркала го направија ова возило универзално за сите патишта на светот. Од кривулести друмови, преку нерамни терени до градски улици „Лада Нива“ дава подеднакво комфорно возење, се вели на главната страница на официјалниот сајт на германската компанија Lada Automobile GmbH Deutschland која се занимава со продажба на руски автомобили во Германија. Lada 4×4 Urban 5-Türer чини од 14290 евра, а обичната со пет врати од 12990.  Во Русија таквите автомобили во основната верзија чинат 571600 и 520700 рубли (околу 8165 односно 7438 евра).

Во овој момент во Германија може да се купат 11 верзии на четири модели на „Лада: седанот „Веста“, седанот и хечбекот „Гранта“, седанот, караванот и хечбекот „Kaлина“ и 5 варијанти на „Лада Нива“. Покрај споменатите, тука е и класичниот модел, „Урбан“ и „Тајга“ со три врати. На почетокот на овој месец АвтоВАЗ ги презентираше во Германија караваните на „Лада Веста“. Според непотврдени информации, продажбата ќе почне напролет.

Во Германија од јануари до октомври годинава се продадени 2188 автомобили „Лада“, што е 59% повеќе од минатата година. Lada 4×4 сочинува повеќе од половината од вкупната продажба. Теренецот од Толјати е лидер на целокупниот руски извоз. Во септември неговата продажба надвор од Русија изнесуваше 611 примероци, а во октомври 477. Најпопуларна извозна дестинација за овој модел е Летонија.