дома Социјални Мрежи (Видео)ЗА МАЛКУ НЕ ДОЈДЕ ЖИВОТОТ ВО КИСЕЛА ВОДА: Градоначалникот Темелковски кажа и...

(Видео)ЗА МАЛКУ НЕ ДОЈДЕ ЖИВОТОТ ВО КИСЕЛА ВОДА: Градоначалникот Темелковски кажа и излажа!

Ветениот живот за сите во предвечерието на локалните избори минатата година од страна на СДСМ и нивните градоначалници не дојде за граѓаните за малку. Градоначалникот на Кисела Вода, Филип Темелковски не исполни ниту едно од своите предизборни ветувања кон граѓаните, а општината од ден во ден личи на некој запуштен град во Чернобил.

Ветувањето за редовно одржувуање на игралиштата со цел децата што повеќе време да поминуваат играјќи се испостави како уште една шарена лага, а истото се случува и со парковите чие ниво на хигиена е далеку од потребното. Ретко кој политичар или пак градоначалник успеал толку добро да ги разубеди граѓаните дека требаат повторно да гласаат за него на следните избори како Темелковски.